More

    Хари и Меган Маркл треба да дојдат заедно во Европа овој викенд, првпат откако ги напуштија кралските должности пред точно две години

    spot_img

    Принцот Хари и Меган Маркл треба да дојдат заедно во Европа овој викенд, првпат откако ги напуштија кралските должности пред точно две години. Оттогаш, принцот Хари дојде во Велика Британија двапати (за погребот на дедо му Филип и за откривањето на споменикот на мајка си Дијана), но неговата сопруга Меган не.

    Нивната ќерка Лилибет никогаш не била во Британија, ниту, пак, кралското семејство ја запознало. Двојката пропушти и важни настани во Лондон, како што е церемонијата што неодамна се одржа во спомен на принцот Филип кој почина минатата година.

    Очигледно е дека парот не сака да дојде во Велика Британија, а медиумите шпекулираат за нивните причини.

    Принцот Хари вели дека неговото семејство не се чувствува безбедно во Британија, бидејќи институцијата на кралското семејство им го одземала обезбедувањето. Пред платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, принцот Хари побара тој и неговото семејство да добијат државно обезбедувања, но тие го одбија. Хари, наводно, понудил сам да ѝ плати на полицијата, но предлогот бил одбиен, со образложение дека државната полиција не може да се изнајми.
    Затоа Хари е на суд со владата на кралицата.

    Меган и Хари сакаат обезбедувањае какво што го имаат повисоките членови на кралското семејство (како Кејт и Вилијам), но тие го загубија тој статус со оставката од кралската функција. Двајцата плаќаат за приватно обезбедување во САД, но такво обезбедување не може да има вооружен персонал во Велика Британија. Затоа тие двајца, како што велат, нема да доаѓаат со семејството во Велика Британија.

    Принцот Хари и Меган изјавија дека нивното семејство е во голема опасност во Велика Британија, а тој наведе дека на последната посета бил прогонуван од папараците. Од друга страна, минатата година нема ниту една папарацо снимка на принцот Хари од Лондон.

    Исто така, семејството на Хари го предупреди дека ќе го изгуби статусот на осигурена личност кога ги напуштил кралските должности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img