More

    Хаос во најголемата нуклеарна централа: Постои ризик од истекување на водород и радиоактивни материи

    spot_img

    Украинската агенција за атомска енергија „Енергоатом“ ги објави тие нови информации за состојбата на најголемата европска нуклеарна централа. Се наведува дека нуклеарната централа во Запорожје работи со ризик од прекршување на стандардите за радијација и заштита од пожари.

    Тие посочуваат дека руското гранатирање во близина на централата предизвикало сериозен ризик за безбедното работење на нуклеарната централа.

    „За време на гранатирањето тешко се оштетени азотно-кислородната станица и помошниот објект. Мета беше и противпожарната бригада, која се наоѓа надвор од територијата на централата и е наменета за заштита од пожари и гаснење во случај на вонредни ситуации“, се вели во објавата на Енергоатом на официјалниот канал на Телеграм.

    Се уште постојат ризици од истекување на водород и радиоактивно прскање, а ризикот од пожар е висок, се додава. Оштетени се и три сензори за следење на радијацијата.

    Руската војска ја контролира фабриката, но со неа управуваат украински работници. Енергоатом наведува дека украинскиот персонал продолжува да работи и се обидува да ги отстрани последиците од штетите со цел да се обезбеди нуклеарна и радијациона безбедност.

    Министерот за внатрешни работи на Украина Денис Монастирски вели дека имаат планови во случај на натамошни настани кои вклучуваат можно истекување на радијација.

    Ситуацијата во најголемата нуклеарна централа во Европа се карактеризира како највисок степен на ризик, додава тој.

    Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во својот најнов извештај објави дека, според последните информации, „нема непосредна закана за нуклеарната безбедност како резултат на гранатирање или други неодамнешни воени дејствија“. Сепак, тие додаваат дека тоа може да се промени во секое време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img