More

    Хамилтон не планира да ги симне пирсовите

    spot_img

    Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, не планира да се ослободи од пирсовите и накитот.

    Пред трката за Големата награда на Австралија, директорот на трките во Формула 1, Нилс Витич, ги потсети возачите дека металниот накит и пирсингот не може да се користат додека се тркаат.

    – Не планирам ништо да тргнам од мене. Мислам дека тоа е лично – можеш да бидеш кој сакаш. Овие работи на десното уво, буквално не можам да ги отстранам, тие се вградени во увото. Ќе морам да ги отсечам или нешто слично. Така што, тие ќе останат – изјави седумкратниот светски шампион.

    Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, ги коментираше одлуките на новиот директор.

    – На првите трки немаше ниту една грешка, се беше според правилата и јасно. Но, дали ова (забрана за пирсинг) навистина ни треба во оваа фаза? Сепак, дури и ако ова е најнесреќниот превид на директорот на трката, јас сум илјада пати подготвен да се согласам со ова – истакна Волф.

    Реакциите на Хамилтон и Волф доаѓаат по одлуката на раководството на Ф-1 за забрана за користење на накит и пирсинг додека пилотите се во болидите, а се во насока на намалување на ризикот возачот да претрпи дополнителна повреда при евентуална несреќа, како и намалување на ризикот за брзото бегство од пилотската кабина на уништен болид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img