More

    Фудбалерот ѝ праќал љубовни пораки на ќерка му

    spot_img

    Некогаш големите пријатели Владе Дивац и Ниша Савељиќ наводно смртно се скарале, па паднале и шлаканици.

    Прославениот кошаркар го претепал поранешниот фудбалер на Партизан и на други странски клубови, на крајот на декември минатата година во Врачар, во ресторан во сопственост на Дејан Бодирога, пишува српски „Курир“. До конфликтот наводно дошло затоа што ќерката на НБА ѕвездата Петра Дивац му се пожалила на својот татко дека неговиот пријател ѝ праќа пораки преку Инстаграм и дека ѝ се додворува.

    Имено, според добро упатени извори, Ниша ѝ напишал на Петра дека пораснала, дека е убава и ја прашал да се видат. Знаејќи го како пријател на нејзиниот татко, Петра се шокирала. Таа веднаш сѐ му кажала на својот татко и му ги покажала пораките.

    На Дивац му се „стемнило“ пред очи, не очекувал такво нешто од човекот на кој финансиски му помогнал кога бил во неволја, а му нашол и сместување во Америка. Бил бесен и рекол дека ќе го истепа штом ќе го види. Така и се случило, пишува споменатиот медиум.

    Очевидци тврдат дека Дивац и Савељиќ се сретнале во ресторанот на Бодирога. Дивац наводно веднаш скокнал врз својот поранешен пријател и му удрил шлаканици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img