More

    Фудбалерите во Премиер лигата ги избраа датумите

    spot_img

    Фудбалерите кои настапуваат во Премиер лигата во иднина ќе клечат пред почетокот на натпреварите само во исклучителни околности, јавија денеска британските медиуми.

    Според истите извори, капитените на екипите од елитниот ранг на англискиот фудбал постигнале согласност овој чин со кој се изразува солидарност во борбата против расизмот во иднина да биде применуван само на важни натпревари или датуми во годината.

    Договорено е тоа да бидат натпреварите од првото и последното коло, на Боксинг деј, во финалињата на ФА и Лига купот, како и во седмиците од кампањата „Нема место за расизам“ во октомври и во март.

    „Одлучивме да избереме значајни моменти пред натпреварите во текот на сезоната за да го покажеме нашето единство во борбата против сите облици на расизам. Со овој чин продолжуваме да ја покажуваме нашата солидарност за остварување на заедничката цел“, се наведува во заедничкото соопштение на премиерлигашките клубови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img