More

    Фрапантно тврдење на здружение од Тетово

    spot_img

    Членови на Здружението на инвалиди од мировните мисии на Република Северна Македонија во НАТО денеска во Тетово на прес-конференција соопштија дека во Тетово има околу 2.000 цивилни инвалиди од мировните мисии на НАТО. На државно ниво оваа бројка изнесува околу 13.000, иако државната статистика признава околу 900 лица, тврди Здружението.

    – Поради 30 годишна транзиција од еден систем на управување и промена од една во друга држава и континуирано губење на работни места во државите што произлегоа од поранешната СФРЈ, голем дел од нашите граѓани во изминативе 20 години беа составен дел од мисиите на НАТО ширум светот, во воени зони. Составен дел од работата беше и повреда настаната на работните места во Ирак, Џибути, Авганистан… Дел од нашите членови се принудени да живеат со своите повреди повеќе од 10 години, невидливи за државата и за нејзините институции и на раб на егзистенција – истакна претседателката на здружението Катерина Георгиевска.

    Таа посочи дека државата не знае како да ги реши овие ситуации и како да помогне. Георгиевска истакна дека како решение за ваквиот проблем Здружението има поднесено барање за формирање на анкетна комисија до Собранието на РСМ, но засега нема никаков одговор.

    – Еден од најважните проблеми со кои се соочуваме е сериозната разлика помеѓу нашата статистика и државната статистика. Во нашето секојдневно работење увидовме дека станува збор за голема бројка, околу 13.000 цивилни инвалиди, имајќи предвид дека речиси секој втор од Куманово има учествувано во овие мисии, а голем дел од нив се имаат здобиено и со различни повреди, како психички така и физички. Меѓутоа, државната статистика, вели дека постојат околу 900, што значи ниту 1.000 инвалиди, бројка која е многукратно помала од она што ние го имаме увидено на терен – изјави Георгиевска.

    Георгиевска ги повика и медиумите активно да ги следат овие прашања, за преку еден јавен, транспарентен пристап да се издејствува законско препознавање на оваа категорија лица, а потоа и решавање и унапредување на нивната положба.

    Авторката на публикацијата „Што е ПТСД”, (Пост трауматско стресно раастројство) Гордана Нестора, на прес – конференција даде осврт за тоа што значи дијагнозата ПТСД и со какви предизвици и ризици се соочуваат цивилните инвалиди од мировните мисии на НАТО и членовите на нивните семејства, како и за процесот за пружање на психо-социјална помош и поддршка и ресоцијалица.

    – За жал секоја траума кај повратниците од НАТО мировните мисии значи ПТСД. Потребна е инстиуционализација на овој проблем – истакна Нестора.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img