More

    ФОТО | Што правеше Анџелина Џоли во Лавов?

    spot_img

    Холивудската ѕвезда и висок комесар на ОН за бегалци, Анџелина Џоли вчера престојуваше во ненадејна посета на Лавов, западна Украина, за да разговара со раселените лица.

    -„Посетата беше изненадување за сите нас“, напиша во телеграма гувернерот на регионот Лвов, Максим Козицки, објавувајќи фотографии и снимки од актерката како си игра со деца и позира со волонтери.

    Актерката ги посети децата повредени во бомбашкиот напад на 8 април пред станицата Краматорск на истокот од земјата во болницата.

    Џоли разговараше со Украинците кои мораа да побегнат од борбената зона и со волонтери кои на железничката станица во Лавов обезбедуваат психолошка помош на луѓето кои мораа да ги напуштат своите домови.

    Според Киев Индипендент, Џоли се сретнала со деца евакуирани од регионот на Доњецк

    Повеќе од 7,7 милиони луѓе ги напуштиле своите домови од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, но се уште се во Украина, според Меѓународната организација за миграција.

    Повеќе од 5,4 милиони Украинци ја напуштија својата земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img