More

    Фон дер Лајен ја повика Украина да ги забрза реформите во борбата против корупцијата

    spot_img

    Украина сега има „многу јасна европска перспектива“ по одлуката на ЕУ на оваа земја да и додели статус на кандидат за членство, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во своето обраќање пред украинскиот парламент.

    „Украина сега има многу јасна европска перспектива. „Украина е земја кандидат за влез во Унијата, а тоа беше речиси незамисливо пред само пет месеци“, рече Фон дер Лајен во говорот преку видео врска.

    Таа смета дека сега е „времето да се прослави оваа историска пресвртница“, како и „победата за целото движење што започна пред осум години на Мајдан“.

    Фон дер Лајен ја повика Украина да ги забрза реформите во областа на борбата против корупцијата, уверувајќи ја земјата во поддршката на 27-те на „долгиот пат“ до членство во Европската унија.

    Претседателот на Европската комисија ги пофали реформите спроведени во Украина и институциите кои беа воспоставени, со цел да се создаде „импресивна машина за борба против корупцијата“.

    „Но, сега на овие институции им треба капацитет и вистински луѓе на одговорни позиции“, рече Фон дер Лејен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img