More

    Фон дер Лајен: Мора да бидеме подготвени и за целосен прекин на снабдувањето со руски гас

    spot_img

    Европската унија мора да биде подготвена за натамошни прекини во снабдувањето со гас, дури и за целосен прекин на испораките од Русија, затоа се подготвува кризен план, предупреди во средата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

    „Мораме да се подготвиме за понатамошни прекини во снабдувањето со гас, дури и за целосно прекинување на испораките од Русија“, рече фон дер Лајен во дебатата во Европскиот парламент, каде што заедно со чешкиот премиер Петр Фиала зборуваше за приоритетите на ЕУ за следниот период.

    Фон дер Лајен рече дека денес 12 земји-членки на ЕУ биле директно погодени или од делумен или целосен прекин на испораките на гас од Русија.

    „Очигледно е дека рускиот претседател Владимир Путин ја користи енергијата како оружје. Затоа, Комисијата работи на кризен план, кој заедно со потребните инструменти ќе го презентираме до средината на јули“, рече претседателот на Комисијата.

    Многу земји-членки веќе имаат свои национални планови за ситуација во која би биле целосно без руски гас, а претседателот на Комисијата посочува дека е потребен координиран пристап и заедничка акција на европско ниво.

    Фон дер Лајен потсети на „горчливите лекции“ научени на почетокот на кризата со корона, кога себичноста и протекционизмот доведоа до разединување и фрагментација на Европската унија.

    Таа посочи дека е неопходно да се диверзифицираат изворите на енергија и да се обезбеди снабдување со гас од доверливи добавувачи. Таа рече дека зависноста од руски гас се намалува, дека месечниот увоз на гас од Русија е намален за 33 отсто во однос на минатата година. Во исто време, глобалниот извоз на ЛНГ во Европа се зголеми за 75 отсто, а извозот на американскиот ЛНГ во Европа речиси тројно.

    Фон дер Лајен истакна дека долгорочно решението за енергетска независност од Русија лежи во обновливите извори на енергија.

    Таа повика на забрзување на зелената транзиција.

    „Некои велат дека зелената транзиција треба да се забави бидејќи може да ја загрози основната безбедност. Вистината е спротивна, ако не направиме ништо друго освен да се натпреваруваме за ограничени резерви на фосилни горива, цените ќе експлодираат и ќе ја наполнат воената каса на Путин“, рече фон дер Лајен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img