More

    Финското Министерство за правда ги отфрли барањата за екстрадиција на лицата кои Анкара ги смета за членови на терористички организации

    spot_img

    Финското Министерство за правда ги отфрли барањата за екстрадиција на лицата кои Анкара ги смета за членови на терористички организации.

    „Финска не се согласи да ѝ испорача на Турција луѓе кои, според Турција, биле поврзани со движењето на проповедникот Фетула Ѓулен или со курдската организација ПКК, кои тие ги сметаат за терористи“, пишува финскиот весник „Иле“.

    Станува збор за барања за екстрадиција што Турција ги достави до Финска од 2019 до 2022 година.

    До почетокот на јуни оваа година, Финска доби десет барања за екстрадиција од Турција.

    „Финска екстрадираше две лица, но според документите за овие екстрадиции, се чини дека нема знаци на тероризам“, се наведува во соопштението на финскиот весник.

    Турција, меѓу другите, бара екстрадиција од Финска на еден човек осуден за палење на амбасадата во Хелсинки.

    Анкара засега го блокира приемот на Финска и на Шведска во НАТО затоа што смета дека двете земји ги поддржуваат и им даваат засолниште на луѓе што Турција ги бара.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img