More

    Финска се очекува денеска да објави дека сака да влезе во НАТО

    spot_img

    Финска се очекува денеска да објави дека сака да влезе во НАТО, што ќе биде голема промена во безбедносната политика на земјата.

    Финска, која дели граница и тешко минато со Русија, постепено ја зајакна соработката со НАТО откако Русија го анектираше Крим во 2014 година. Но, таа досега се воздржуваше од приклучување за да одржува пријателски односи со источниот сосед.

    Сепак, се очекува денеска претседателот Саули Ниинисто да ја објави својата официјална намера да аплицира за членство. Се очекува да се договорат и владата и парламентот.

    На прашањето дали Финска ќе ја испровоцира Русија со влезот во НАТО, претседателот Ниинисто рече дека виновен ќе биде рускиот претседател Владимир Путин. „Мојот одговор е дека тој го предизвика ова. „Нека се погледне во огледало“, рече тој.

    Се чека и одлуката на Шведска
    Во соседна Шведска, владејачката партија, која е поделена по ова прашање, во недела ќе објави дали е за влез во алијансата.

    Двете нордиски нации имаат долга историја на неутралност, што ја обликувало нивната надворешна политика и идентитет. Станувањето членка на НАТО би било монументален чекор напред, пишува Би-Би-Си.

    Нивото на јавна поддршка за влез во НАТО скокна на рекордно високо ниво за време на војната во Украина – 76% од Финците и 57% од Швеѓаните рекоа дека се за.

    Русија, која го користи проширувањето на НАТО како изговор за својата инвазија, силно се противи на овој потег.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img