More

    Финската полиција нема да дозволи палење на свети книги како Куранот на јавни места

    spot_img

    Финската полиција најави дека нема да дозволи палење на свети книги како Куранот на јавни места.

    Според финските медиуми, кои се повикуваат на новинската агенција СТТ, Националната полициска агенција на Финска палењето на светите книги ќе го третира како „криминален чин”. На сличен начин ќе се третира и сквернавењето на светите книги.

    Полицискиот функционер Веса Пихајоки објави соопштение во врска со ова.

    – Да беше планирано палењето на Куранот, полицијата однапред ќе го известеше организаторот на протестот дека тоа нема да му биде дозволено. Исто така, доколку се случи ваков чин за време на демонстрации или во некоја друга ситуација што ќе ја забележи полицијата, ќе интервенираат припадници на полицијата, рече Пихајоки.

    Според медиумите, финскиот закон, за разлика од другите скандинавски земји, го штити „верскиот мир” и неговото кршење може да биде санкционирано.

    На 21 јануари Расмус Палудан, лидерот на екстремно десничарската данска партија Цврст курс (Stram Kurs), запали копија од Куранот пред турската Амбасада во Стокхолм.

    Никој не смеел да му пријде на Палудан за време на чинот, кој се случил под полициска заштита.

    На 27 јануари Палудан исто така запали копија од Куранот пред џамија, а потоа и пред турската Амбасада во Копенхаген.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img