More

    Финалната потрошувачка на домаќинствата порасна за 12,2 отсто

    spot_img

    Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2022 година е 2,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

    Во првото тримесечје од 2022, пораст е забележан во секторите: „трговија на големо и трговија на мало“; „поправка на моторни возила и мотоцикли“; „транспорт и складирање“; „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 11,2 отсто, „стручни, научни и технички дејности“; „административни и помошни услужни дејности“ од 5,9  отсто и „рударство и вадење на камен“; „преработувачка индустрија“; „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“; „снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“ од 2,2 отсто.

    Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2022 година, номинално расте за 12,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 66,1 отсто.

    Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 18,6 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 33,5 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img