More

    Физичкото насилство е честа појава во училиштата

    spot_img

    Резултатите од истражувањето што го спроведе Аналитика тинк тенк, за насилство во училиштата се поразителни. 63 отсто од учениците истакнуваат дека насилството често се случува, а само 20 отсто рекле дека тоа се случува ретко.

    Аналитика тинк тенк го спроведе истражување со 305 ученици од скопските средни училишта „Здравко Цветковски“, „Зефљуш Марку“ и „Шаип Јусуф“ во рамки на проектот поддржан од канадската Амбасада – „Промовирање на култура на мир и спречување на насилство како основни вредности во образовниот систем во Република Северна Македонија“.

    – Во истражувањето беа вклучени ученици од средните училишта кои се од мешан етнички состав, од различни етнички заедници, кои и покрај тоа што се образуваат заедно, со самата желба да учествуваат во прашалникот демонстрираат желба дека сакаат да бидат вклучени во решавање на проблемот, а тоа е насилно однесување кај децата и негова превенција – изјави за МИА Бојана Мијовиќ Христовска од Аналитика Тинк Тенк.

    Таа додава дека само пет проценти од учениците кажале дека не биле сведоци на насилство.

    – Она што е многу важно е дека 70 проценти од учениците истакнуваат дека и покрај тоа што биле сведоци на насилство не го пријавиле од бројни причини меѓу кои најважни се таа дека не знаат на кого да пријават и стравот дека ако пријават ќе бидат следната жртва на насилство – посочува Мијовиќ Христовска.
    Исто така, 83 проценти од учениците истакнале дека девојчињата се повеќе жртви на родово базирано насилство.

    Учениците истакнуваат дека најприсутно е физичкото насилство, односно 60 проценти кажуваат дека од обични навреди тоа прераснува во физичко насилство, додека 40 проценти истакнале дека се среќаваат и со психичко и со сајбер насилство. Причините за случување, како што посочува Мијовиќ Христовска, се исти, но манифестацијата е различна. Заради тоа, вели таа, потребни се вакви истражувања кои ќе им дадат информации на наставниците и стручните служби – педагошко-психолошката служба, како да делуваат, како да препознаат и кои алатки да ги употребат, затоа што не секое насилство бара исти мерки за адресирање на истото.

    – Многу е важно и дека високи 83 проценти од ученциите истакнуваат дека наставниот кадар е активно вклучен во решавање на конфликти на насилство и во едукација на децата за стекнување на вештини за справување со насилство, додека 65 проценти од децата кажале дека родителите не се вклучени во решавање на насилно однесување кај учениците, а 67 проценти кажуваат дека не постои соработка меѓу родителите, наставниот кадар и стручни служби во училиштата кога станува збор за разрешување на насилство – вели Мијовиќ Христовска.

    Ова, додава таа, го потврдуваат и наставниците со тоа што истакнуваат дека родителите се повеќе загрижени за успехот на децата отколку за позитивната училишна клима.

    – Она што е исто така важно е дека за жал, вакви проекти истражувања и програми се ретко присутни, а она што е многу важно и ние што го увидовме од проектот е дека децата бараат да се активно вклучени во овие проектни активности, во ваков вид на работилници, да се сензибилизираат затоа што само така можат да придонесат да се превенира насилство, да видат како да се стекнат со алатки за негово разрешување, да се здобијат со емпатија, со која ќе може да се делува на намалување на конфликтите – потенцира таа.

    Фото: Pixabay

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img