More

    Фејсбук нѐ прави завидливи!

    spot_img

    Социјалните мрежи нè прават завидливи, бидејќи кога гледаме слики од нашите пријатели имаме чувство дека сите се посреќни, поисполнети и позадоволни од нас, покажа истражувањето спроведено во САД на 425 студенти.

    Итан Крос, професор по психологија на Универзитетот во Мичиген, кој го истражува влијанието на Фејсбук врз нашето расположение, исто така тврди дека зависта е многу изразена помеѓу луѓето во моментов.

    – Постојано сме бомбардирани со совршени, фотошопирани животи кои создаваат притисок во нас што човечката раса сè уште не го доживеала. И тоа воопшто не е пријатно – изјави Крос.

    Истото го тврдат и други експерти кои се занимаваат со оваа проблематика.

    Клиничкиот психолог Рејчел Ендру наведува дека се повеќе го препознава чувството на завист кај своите клиенти. Нејзините клиенти, вели таа, во последно време се повеќе се жалат дека не можат да го имаат животот каков што би сакале, а каков што гледаат кај другите луѓе.

    Луѓето отсекогаш чувствувале завидливост кон „оние кои го имаат она што ние сакаме да го имаме“. Уште во четвртиот век п.н.е., Аристотел го опишал ова чувство како „болка поради туѓа среќа“.

    Илјада години подоцна, зависта била прогласена за еден од седумте смртни гревови. Денес, во 21 век, социјалните мрежи како Facebook, Twitter, Instagram и Snapchat го доведоа чувството на завист до кулминација.

    Им завидуваме на нашите пријатели на социјалните мрежи за сè: нивните кариери, храната што ја јадат, нивните деца, нивниот изглед, нивните патувања…

    – Порано луѓето можеа само да им позавидуваат на своите соседи, но сега се споредуваме со целиот свет – предупредува Ендрју.

    Тој додава дека сите знаеме дека овие споредби не се реални бидејќи фотографиите што луѓето ги објавуваат на социјалните мрежи можат претходно да се уредуваат.

    И второ, знаеме дека луѓето објавуваат само најдоброто за нивните животи на социјалните мрежи. И сепак, повеќето луѓе не можат да го рационализираат она што го гледаат на социјалните мрежи.

    – Знаеме дека тоа што го гледаме не е реално, можеме да разговараме за тоа, но на емотивно ниво повторно не погодува. Особено ако тие фотографии и начин на живот се нешто кон кое се стремиме – вели Ендрју.

    Моја Сарнер, новинарка од  Гардијан, се осврна на прашањето за „добата на зависта“, признавајќи дека и самата постојано им завидувала на своите пријатели за статусот што го објавиле на социјалните мрежи.

    „Една вечер, пред пет години, пред да легнам, видов твит во кој една пријателка напиша дека е воодушевена што е номинирана за новинарска награда. Откако го прочитав тој твит, имав стомачни болки и вртоглавица, па не можев да спијам до утрото“, напиша Сарнер.

    За да ја истражат улогата на зависта на социјалните мрежи, Итан Крос и неговиот тим ја истражуваа врската помеѓу пасивното користење на Фејсбук (кога гледаме само што објавуваат другите луѓе на Фејсбук) и зависта, или влијанието на она што го гледаме врз нашето расположение. Резултатите беа очекувани. Се покажа дека гледањето на туѓите статуси раѓа завист кај луѓето и сето тоа на крајот влијае на нивното расположение.

    Клиничкиот психолог Ендрју тврди дека не постои возрасна група или социјална класа  имуна на завист. Ендрју наведува дека запознала многу млади жени кои биле незадоволни од својот изглед на Инстаграм и почнала да следат профили на други жени за да најдат инспирација кај нив за фризури или нови техники на шминкање. На крајот, тие станаа љубоморни на овие жени и почнаа да се чувствуваат уште понезадоволни од самите себе.

    Идентично однесување Ендрју забележала кај бизнисмени кои почнуваат да бараат нови стратегии и совети на Твитер, а кога ќе увидат дека некој е поуспешен од нив – полудуваат од завист.

    – Можеме да бидеме љубоморни и на пријателите и на семејството, без разлика дали поради нечиј изглед, начин на живот, кариера или воспитување деца. Секогаш ќе најдеме некој на социјалните мрежи кој е подобар од нас – предупреди Ендру.

    Социјалниот психолог Шери Туркл верува дека она што си го правиме на социјалните мрежи е уште попогубно од зависта.

    – На својот живот на социјалните мрежи гледаме како да му припаѓа на некој друг и чувствуваме завидливост на самите себе. Ги гледаме нашите едитирани фотографии во огледало и сакаме такво тело, а не тоа што не боли – вели Туркл и додаде: „Стануваме љубоморни на себе и создаваме т.н. самозавист“.

    Постои уште помрачна дефиниција за завист.

    Патриша Поледри, психоаналитичар и психијатар и автор на книгата „Зависта во секојдневниот живот“ ја опишува зависта како нешто многу опасно, кое може да се претвори во насилство. И тоа во емоционално и физичко насилство.

    – Завидливите луѓе често не бараат помош затоа што не сакаат да прифатат ничија критика и сакаат да уништат сè што е добро кај другите луѓе и во себе – вели Поледри, која смета дека зависта не е вродена, туку се јавува на рана возраст кога мајката не успева да воспостави емотивна врска со детето.

    Проф. Винди Драјден, експерт за когнитивно бихејвиорална терапија, смета дека чувството на завист, поради содржината која другите ја споделуваат на социјалните мрежи, влијае на нашата ниска самодоверба и на чувство на незадоволство кое се јавува кај  луѓе киои не можат да преболат што не добиле тоа што го посакувале.

    За да се ослободиме од тоа чувство, Драјден нè советува кога ќе видиме дека некој има нешто што ние го немаме, да се обидеме да увидиме како можеме да преживееме и без тоа, а тоа што немаме нешто не значи дека сме помалку вредни.

    Итан Крос исто така гледа решение во поактивно користење на Facebook. Податоците собрани од него и неговиот тим од десетици илјади луѓе покажуваат дека пасивното користење на Фејсбук е значително поштетно од неговото активно користење.

    – Поврзаноста помеѓу пасивното користење на Фејсбук и лошото расположение е многу јасна – предупреди Крос, кој верува дека зависта, ако се слушаме себе на вистински начин, може да ни покаже што навистина ни недостасува во животот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img