More

    ФДА даде дозвола за итно одобрување на тест за за ковид-19 кој се прави преку здив

    spot_img

    Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) даде дозвола за итно одобрување на тест за за ковид-19, кој се прави преку здив, јаи ДПА.

    Уредот е отприлика со големина на рачен куфер, соопшти денеска ФДА. Корисниците дуваат во цевка, како да дуваат балон.

    Тестот „InspectOR COVID-19 Breathalyzer“ ги дава резултатите за помалку од три минути, врз основа на хемиска анализа, и може да се користи во ординациите на лекарите или во болниците, на пример. Тестот треба да го врши квалификувано, обучено лице под надзор на здравствен работник лиценциран или овластен со државниот закон за издавање тестови.
    Уредот може правилно да ги идентификува луѓето со ковид-19 во 91 отсто од случаите, а оние кои немаат точно ги дијагностира во 99 отсто од случаите. При тестирањето биле опфатени луѓе кои биле со симптоми, но и асимптоматски случаи.

    „Тестот покажа слична чувствителност во последователна клиничка студија фокусирана на варијантата Омикрон“, се вели во соопштението на ФДА.

    Постојните тестови се прават со брис од носот или грлото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img