More

    ФБИ барало кај Трамп документи за нуклеарно оружје

    spot_img

    Агенти на ФБИ барале документи поврзани со темата за нуклеарно оружје, при претресот на куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида.

    Не е познато дали такви документи се пронајдени во Палм Бич, каде се наоѓа куќата на Доналд Трамп, пишува Вашингтон пост.

    Министерството за правда побара од судијата да ја објави наредбата со која се одобрува претресот на викендицата на Трамп, за јавноста да дознае повеќе за тоа што точно бараат истражителите при досега невидениот претрес на домот на поранешниот претседател. Трамп ги нарече настаните во Флорида оваа недела политичка одмазда.

    Пристигнувањето на истражителите на Флорида е дел од истрагата што се обидува да утврди дали Трамп незаконски отстранил документи од Белата куќа кога ја напуштил функцијата во јануари 2021 година.

    Државниот обвинител Мерик Гарланд рече дека тој лично ја одобрил одлуката да се нареди претрес.

    „Министерството не носи лесно такви одлуки. Секогаш кога е можно, практиката е да се користат помалку наметливи средства за истрага и да се стесни нејзиниот опсег“, рече тој.

    Неговата потврда е невообичаена, имајќи предвид дека американското Министерство за правда вообичаено не разговара за тековните истраги. Меѓутоа, во овој случај Трамп најави дека се претресува неговиот дом.

    Гарланд рече дека Министерството за правда побарало од судот да го објави запечатениот налог за претрес, што би можело да ја расветли природата на истрагата.

    Извор запознаен со истрагата изјавил дека агентите на ФБИ за време на претресот одзеле десет кутии од домот на Трамп.

    Засега не е познато дали адвокатите на Трамп официјално ќе се спротивстават на објавувањето на наредбата, рокот за тоа истекува во петок.

    „Моите адвокати и застапници целосно соработуваат и воспоставени се многу добри односи. Владата можеше да земе што сака, ако беше од нас“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Вистина.

    Потрагата во Палм Бич, Флорида е една од многуте истраги со кои се соочи поранешниот американски претседател од неговиот престој во Белата куќа. Против него се води и посебна истрага поради неуспешниот обид на сојузниците на Трамп да го променат исходот од последните претседателски избори со поднесување лажни избирачки списоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img