More

    „Фајненшл Тајмс“ пишува дека светот ќе се подели во трговски блокови

    spot_img

    Случувањата во Украина и санкциите на западните земји на нив доведуваат до почеток на нов период на економска деглобализација, кој ќе се карактеризира со давање предност на безбедноста пред трговијата, пишува британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

    Според главниот економист на американскиот инвестициски фонд „BNY Mellon Investment Management“, Шамик Дару, цитиран од весникот, новите модели на тргување „ќе бидат одредени со враќањето на политиките на конфронтација меѓу големите сили и постоењето пријателски трговски блокови“.

    – Сегашната меѓународна економска архитектура станува сѐ побезначајна во споредба со критичните прашања на политичката економија – рече тој.

    Ерик Нилсен, економски советник на италијанската банка „UniCredit“, вели дека се согласува со тоа.

    – Влегуваме во долг период на деглобализација – вели експертот, додавајќи дека тој процес ќе ги зголеми трошоците за производите и услугите ширум светот.

    „Фајненшл Тајмс“ во статијата забележува дека влијанието на настаните во Украина веќе се чувствува во транспортот, кој се намали од крајот на февруари. Авионите и бродовите кои треба да ги преВо прилог на ова е и мислењето на Адам Пошен, претседател на Вашингтонскиот институт за светска економија, верува дека сегашната ситуација ќе предизвика нови царински бариери во различни делови на светот.

    Во меѓувреме, Џоана Чуа, шеф на одделот за економија на Азија во Ситигруп, рече дека западните санкции против девизните резерви на Русија „ќе го промовираат процесот на дедоларизација“ на глобалниот финансиски систем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img