More

    Фатен малиот лав кој со денови шеташе низ Будва

    spot_img

    Сагата која траеше од крајот на јануари во Будва и околината конечно заврши. Младиот лав кој побегнал од имот на странски државјанин и со денови талкал низ Будва, конечно беше пронајден и фатен, а наскоро ќе биде однесен на безбедно.

    Александар Драгиќевиќ, еден од учесниците во оваа спасувачка акција, објави снимка и фотографија од фаќањето на малото лавче.

    Животното беше пронајдено во стара недовршена куќа на пат кон населеното место Крапина.

    Тоа ќе биде сместено во просториите на Службата за заштита и спасување додека не се најде соодветно сместување.

    Како што напиша Драгичевиќ, лавот е исцрпен.

    Животното прв го забележал полицаец, кој ја известил Агенцијата за заштита на животна средина и пожарникарите.

    – Влегов да погледнам во куќата, а на првиот кат го забележав малото лавче. Излегов и им реков на луѓето од Агенцијата за заштита на животната средина да го опкружат објектот, што и го направивме. Потоа пристигнаа и пожарникарите и во една соба го фатија лавот – изјавил за „Вијести“ полицаецот Божо Зец кој го забележал младенчето.

    Според проценките, лавот тежи меѓу 40 и 60 килограми. За време на потрагата беа пребарани неколку области во Будва, а во акцијата беа вклучени членови на Центарот за заштита и проучување на птици, полицијата, пожарникарите и ловците од Будва, како и околу 15 доброволци, објави Новости.

    Претходно, Милан Газдиќ од црногорската Агенција за заштита на животната средина, приклучувајќи се во директната програма на ТВ Прва во утринските часови, соопшти дека малиот лав повторно бил виден на непристапниот терен над Будва.

    Газдиќ во утринската програма на ТВ Прва рече дека случајот со лавот бил откриен пред околу еден месец, поточно дека тој незаконски престојувал во приватен притвор, по што биле алармирани полицијата и надлежните органи кои велат дека не можат да поверуваат дека такво нешто постоело.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img