More

    Фармите за кокошки пред затворање

    spot_img

    Со промената на цените на храната за кокошките и поскапувањето на струјата и горивата, живинарските фарми во Кичевско едвај преживуваат, а слична или иста е состојбата и со останатите живинарски фарми во земјава. Сопствениците се жалат дека се што се импутира во цената на нивниот производ е драстино зголемено  во последните 6 – 8 месеци, додека јајцето има иста или слична цена како и претходно.

    – Последните неколку месеци зголемувањето на цените на храната за кокошките, електричната струја и горивата, придонесоа да дојдеме на работ на опстанокот и се прашуваме уште колку време можеме да опстанеме ако во меѓувреме нашиот производ јајцето, не ја подигне продажната цена –  вели Енвер Врапчески, сопственик на една од најстарите живинарски фарми во Кичево.

    Според него, концетратот пред шест месеци бил 19 денари за килограм, а денес набавната цена изнесува 30 денари.

    – Исто така, драстичен скок во цената има и кај зрнестата храна. Пченката од 12 денари кон крајот на летото денес чини 20 денари за килограм. Горивата, нафтата и бензинот речиси секоја недела имаат нова повисока цена, што го поскапува и нашиот транспорт, а не може да се занемари и новата цена на индустриската струја, која дополнително ги зголеми трошоците во нашето работење – нагласува  Врапчески.

    Тој посочи и дека јајцето пред шест месеци се продавало за истите пари како денес, што се одразува врз намалувањњето на нивните приходи и ликвидност.

    Ако состојбата продолжи да се влошува, а цената на производот остане иста, тогаш, најави Врапчески, ќе бидат приморани да стават катанец на фармата или да работат без заработка.

    Тој смета дека државата треба да ги заштити живинарите со одредени субвенции, за да можат притисокот на се повисоките цени полесно да го пребродат и да ја подобрат ликвидноста.

    Слична беше реториката изминатите денови и на други сопственици на фарми. Сите се загрижени од неповолната коњуктура и растот на цените.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img