More

    ФАО: Земјите ќе потрошат рекордна сума за увоз на храна

    spot_img

    Земјите годинава ќе потрошат рекордни 1.940 милијарди долари за увоз на храна, што е за 10 отсто повеќе од минатата година, се наведува во најновиот извештај на Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Растот главно се должи на растот на цените.

    Рекордна сметка за увоз на храна е резултат на поевтинувањето на неколку валути и војната во Украина, резимира во извештајот на ФАО француската новинска агенција АФП. Украина и Русија се земјоделски суперсили; повеќе од 30 земји зависат од нивниот извоз на пченица и сончогледово масло.

    „Огромното мнозинство од повисоката сметка за увоз на храна паѓа на богатите земји, главно поради повисоките цени на храната, а ќе се зголеми и обемот на увозот“, се вели во извештајот.

    Економски слабите земји инаку најмногу ќе ги почувствуваат последиците од поскапувањето. „Се очекува вкупната сметка за увоз на храна во земјите со ниски приходи да остане непроменета, но обемот на увозот да се намали за 10 проценти“, потенцираат оттаму.

    Субсахарска Африка, која веќе толку многу страда од неухранетост, се очекува да потроши 4,8 милијарди долари повеќе за увоз на храна, и покрај квантитативно помалиот увоз на храна. „Ова се алармантни податоци од гледна точка на безбедноста на храната“, велат од ФАО.

    ФАО веќе неколку месеци работи на воспоставување системска финансиска помош за посиромашните земји кои се во голема мера зависни од увоз на храна, пренесува француската новинска агенција АФП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img