More

    Фамозната секс-снимка ја објавиле во договор со мајка ѝ Крис Џенер

    spot_img

    Поранешното момче на старлетата Ким Кардашијан, Реј Џеј, со кое го сними светски познатото секс-видео кое на крајот ја направи ѕвезда, конечно самиот проговори за споменатата снимка.

    Наводно самата Ким го објавила контроверзното видео кое го чувала во кутијата за чевли, а Реј Џеј тврди дека никогаш не поседувал ниту една копија.

    Тој, исто така, инсистира дека не направил ништо од она за што таа го обвинила, а го збеснала изјавата дека ѝ „забил дилдо во задникот“, бидејќи тоа го натерало да звучи како силувач, а тоа не е вистина.

    Во приватната порака која му ја испратила на Реј Џеј, Ким напишала: „Ако си вознемирен поради коментарот за дилдото, очигледно е дека тоа беше саркастичен коментар и дека се смеев кога го изговорив тоа“.

    „Седев во сенка повеќе од 14 години, дозволувајќи му на семејството Кардашијан да го користи моето име, да заработуваат милиони долари во текот на децениите и тоа зборувајќи за тема за која навистина никогаш не зборував. Никогаш не открив ништо. Никогаш не го објавив тоа видео во јавност. Отсекогаш тоа беше договор и партнерство помеѓу Крис Џенер, Ким и мене и ние бевме партнери од самиот почеток откако целата приказна започна со тоа видео“, изјавил Реј Џеј.

    Тој и Ким почнале да се забавуваат во 2002 година кога имале 21 година, а контроверзното видео од сексот е направено истата година, на нејзиниот роденден. Во јавноста протече во 2007 година, а сѐ останато е историја.

    Реј Џеј, кој сега има 41 година, за странските медиуми изјави дека објавувањето на видеото била негова идеја и дека ѝ го предложил тоа на Ким откако виделе дека на Парис Хилтон ѝ расте популарноста по протекувањето на нејзиното секс-видео со Рик Саломан.

    И додека Ким тврди дека не сакала да го направи тоа, Реј Џеј тврди дека токму таа ја прифатила идејата и ја ангажирала својата мајка Крис Џенер да го организира објавувањето на видеото преку Vivid Entertainment.

    Договорот што го потпишале Реј Џеј и Ким се однесувал на три видеа, вклучително и на две секс-снимки, една од хотел во Мексико, втора од Санта Барбара и трета која се наведува како вовед во снимката направена во Мексико. На крајот во јавноста протече само видеото од Мексико, а Реј Џеј тврди дека сите се во кутијата за чевли под креветот на Ким Кардашијан.

    – Таа ги чуваше сите – мораше да го пронајде видеото со секс од Кабо и да го претстави. Во текот на целата наша врска никогаш не го имав тоа видео. Никој од нив никогаш не се наоѓаѓе во мојата куќа – тие видеа беа кај неа – рекол Реј Џ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img