More

    Фалангата го направи Порто – македонски град!

    spot_img

    Македонските репрезентативци, исто како и во Палермо, во најважниот фудбалски натпревар во нашата историја на трибините на „Драгао“, каде Македонија ќе се надигрува со Португалија, во обид да стигне до историски пласман на Светското првенство во Катар, ќе ја има поддршката од Фалангата.

    Како што може да се погледне на социјалните мрежи, македонската навивачка група полека се собира во Порто, па така македонски песни, знамиња и други реквизити се дел од атмосферата низ улиците на главниот град на денешниот наш противник.

    Најавена е пеколна атмосфера на „Драгао“, која ќе трае цели деведесет минути. Македонските навивачи се надеваат дека тие ќе слават на крајот од натпреварот, како што беше случајот пред пет дена во Палермо, против репрезентацијата на Италија.

    Натпревар започнува во 20:45 часот, а влогот ќе биде голем за двете репрезентации. Португалија игра за шесто учество на СП во низа, а Македонија посакува деби на светскиот собир во Катар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img