More

    Фабриката „Тесла“ во Шангај за три години произведе еден милион возила

    spot_img

    Гигафабриката на американскиот производител на автомобили Тесла во Шангај, Кина произведе еден милион возила за три години, што претставува пресвртница, соопшти компанијата, пренесува Ксинхуа.

    Основана во 2019 година, гигафабриката Тесла во Шангај е првата гигафабрика на производителот на автомобили надвор од САД, со стапка на локализација на индустрискиот синџир од повеќе од 95 отсто и 99,99 отсто од кинеските вработени.

    Според податоците на Tesla China, фабриката во Шангај, важен извозен центар за Tesla, извезла 97.182 автомобили во периодот јануари-јуни, во споредба со 41.770 единици во истиот период минатата година.

    Во јуни Tesla испорача рекордни 77.938 возила во Кина, што е за 177 отсто повеќе од претходната година. Гигафабриката Шангај произведе речиси 300.000 возила во првата половина од оваа година, според Ксинхуа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img