More

    Уште тројца директори заминаа, лути на Арсовска

    spot_img

    Тројца директори на јавни претпријатија на Град Скопје претпладнево поднесоа оставки на своите функции, и како причина ги наведоа недоразбирањата и недоволната соработка со градоначаничката Данела Арсовска.

    Оставки поднесоа Борис Настов, директор на „Улици и патишта“, Филип Василевски, директор на ЈСП „Турс“, како и в.д директорот на Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници Лајка – Скопје Воислав Димитровски. Тие своите оставки, причините зошто ги поднесуваат, како и проблемите со кои се соочиле и резултатите кои ги постигнале ги објавија со статуси на социјалната мрежа Фејсбук.

    – Ве известувам дека давам неотповиклива оставка на местото в.д. директор на ЈП Улици и патишта. Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со Градоначалничката на Градот Скопје, како основач на Претпријатието, како и немањето на разбирање при реализаиција на клучните проекти од интерес на Градот, а за кои јавното претпријатие имаше можност и потенцијал. Неможноста и покрај сите мои искрени намери и напори да воспоставиме меѓусебно разбирање, соработка и почитување како неопходни фактори за успешна имплеметација на зацртаните проекти и активности на претпријатието, придонесоа кон донесување на оваа моја одлука – објави Настов.

    Директорот на ЈСП Турс Василевски во објавата на својата оставка и порача на Арсовска дека е „разочарувачки што си посветена на кавги и пресметки наместо на работа“.


    – Како човек кој целиот свој живот го посветил на работа и кој има интегритет во работата, и како човек кој за исклучително кус период во работата на ЈСП Турс постигна исклучителни резултати со мојот тим сакам да кажам дека сум задоволен од тоа што го постигнавме со сопствени сили и ресурсите кои ги имавме на располагање. За период од 6 месеци, успеавме неколкукратно да ги зголемиме приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедиме линеарно зголемување на платите за сите вработени – напиша Василевски.

    Сепак, додава тој, тоа не е доволно кога ЈСП Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски.

    – Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам – напиша Василевски.

    Оставка јавно поднесе и Воислав Димитровски в.д. директор на Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници Лајка – Скопје.

    – Поради недостиг на поддршка од страна на Град Скопје, ЈП Лајка има континуирано блокирани сметки, каснење во исплатувањето на платите, вклучително и во конкретниот месец немаме исплатено плата на вработените поради непрефрлени средства од Градот кон ЈП Лајка за извршени услуги – пишува Димитровски.

    Тој наведува дека во изминатиот период активно работел на зголемување на јавната свест за благосостојба кај животните и одговорно сопствеништво, реализирани биле повеќе од 20 кампањи на оваа тема, и сето тоа без одвоен денар од буџетот на ЈП Лајка или на Град Скопје.

    – Се надевам дека следниот директор на ЈП Лајка ќе ја ужива довербата на здруженијата на граѓани и активностите, ветеринарната фела и граѓаните како што ја уживав јас, но и од страна на Град Скопје за да се одржи и зголеми темпото на работење. Се надевам дека следниот директор ќе ја подобри работата на претпријатието и нема да го користи јавното претпријатие за сопствени цели, што било случај во минатото – напиша Василевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img