More

    Уште само една недела има Собранието да ја изгласа кризната состојба во државата, која е предложено да почне на 1 октомври, а да трае до април идната 2023 година

    spot_img

    Уште само една недела има Собранието да ја изгласа кризната состојба во државата, која е предложено да почне на 1 октомври, а да трае до април идната 2023 година. Спикерот Талат Џафери ги предупреди пратениците за овој рок, додека тие водат долги маратонски дискусии во Комисијата за одбрана и безбедност. Џафери рече дека каква било дебата по идната среда би била бесмислена.

    Кризната состојба е предлог на Владата и таа уверува дека овој инструмент ќе овозможи врзо да се донесат неопходните мерки оваа зима. Опозицијата пак, вели дека прво сака одговор за тоа каква е состојбата со енергенсите, а дека потоа ќе даде поддршка.

    Опозицијата смета дека Владата реагира предоцна со мерките, а бара одговор за тоа колку ќе нѐ чини производството на струја во споредба со лани, за ноќните вишоци, за тоа колку залихи на јаглен и мазут имаме.

    Според ресорните министри зголемувањето на цената струјата на регулираниот пазар за 650 илјади домаќинства е само 7,5 отсто, додека за 70 илјади мали стопанственици тоа е гарантирано со одлуките на Регулаторната комисија.

    Власта побара да не се дискутира но да не се блокира работата на комисиите. Попладнево, продолжи расправата во матичната Комисија за одбрана и безбедност. По неа, за кризните состојби со струјата и греењето во Скопје треба да расправа и Законодавно-правната комисија, за да може наредната недела да се гласа на пленарна седница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img