More

    Утрово почина архитектот Петар Муличкоски на 93-годишна возраст

    spot_img

    Утрово почина архитектот Петар Муличкоски на 93-годишна возраст, објави сајтот Македонска архитектура (МАРХ).

    Муличкоски е еден од великаните на македонската архитектура. Тој беше автор на оригиналната зграда на Владата, изградена во 1970 година, а без негова согласност, во 2011 владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ја смени фасадата во барок за што потроши 22 милиони евра. Муличковски е автор и на објекти кои се трајно обележје на македонската современа архитектура – Народна и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ од 1971, Спомен-костурницата во Кавадарци од 1974, Стопанска банка во Скопје од 1974 и многу други.

    Творештвото на архитектот Петар Муличкоски е мошне разновидно и опфаќа од урбанистичко и архитектонско проектирање и ентериери до меморијална и пејсажна архитектура, а може да се истакне и неговиот специфичен израз во негувањето на цртежот што е една од спецификите на неговото воспитание како архитект од класата на проф. Едвард Равникар на Љубљанскиот универзитет, пишува на сајтот на МАРХ.

    Муличкоски е роден 1929 година во Прилеп каде го минал раното детство и средношколските денови. Во периодот од 1949 до 1957 студира Архитектура на Техничкиот факултет во Љубљана. Во 1959 е избран за редовен асистент на Техничкиот факултет во Скопје. Со понатамошно лично надградување цо 1967 е избран за доцент, а во 1978 за редовен професор на истиот факултет.

    Во 1960-те престојувал во САД во светски архитектонски бироа и во студиото на Френк Лојд Рајт во Аризона, во школата на Мис Ван дер Рое во Чикаго и во студиото на Чарлс Имс во Чикаго. Имал стручни престои и во во Шведска, Данска, Швајцарија, Италија и Грција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img