More

    Утре почнуваат преговорите меѓу Украина и Русија

    spot_img

    Украина се согласи да ги почне мировните преговори со Русија, при што делегациите од двете земја ќе се сретнат на украинско-белоруската граница, соопшти денеска канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.

    „Се договоривме дека украинската делегација ќе се сретне со руската без претходно условување на украинско-белоруската граница во областа околу реката Припјат. Александар Лукашенко превзема одговорност дека во време на пристигнувањето, преговорите и враќањето на украинската делегација сите авиони, хеликоптери и проектили кои се наоѓаат на белоруска територија ќе останат на земја“, напиша Зеленски на Фејсбук.

    Најновото соопштение доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди да се стават во специјална готовност „оружјата за одвраќање“ на земјата, без конкретно да се спомене нуклеарното оружје.

    – Врвните лидери на водечките земји на НАТО дозволуваат агресивни изјави против нашата земја, затоа му наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги стават силите за одвраќање на руската армија на посебен режим на готовност – рече Путин и ја издаде наредбата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img