More

    Уставен суд: Дневен ред за седницата закажана за утре

    spot_img

    Уставниот суд закажа седница за утре(29.03.2022) во 11: 30 часот, на која ќе се разгледуваат четири иницијативи:

    1.Реферат У.бр.15/2021

    Оспорен: Член 235 став 1 и став 2 и член 250 став 1 и став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/2015, 226/2015, 55/2016, 11/2018 и 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/2019 и 302/2020)

    Подносител: Снежана Цветаноска од Битола

    Во иницијативата се наведува дека на вработени лица во автошколите(возач-инструктор, предавач во исптитните центри, испитувач во практичниот дел, испитувач по теоретски дел и контролор) им се ускратени правата со ограничување на важноста на лиценците коишто ги поседуваат со важност од 5 години и на секои пет години треба повторно да полагаат испит за да ги задржат истите лиценци. Подносителот предлага оспорените одредби да бидат укинати бидејќи смета дека им се ускратени/повредени правата коишто ги имале согласно член 8 став 1 алинеи 1, 3 ,6, 7 и 11, член 30, член 32, член 50 став 1 и став 2, член 51, член 52 став 4, член 54 став 1, член 55 став 1 и став 2, член 58 и член 110 од Уставот заедно со Амандманите од I до XXXI на Уставот.

    2.Реферат У.бр.148/2021 и У.бр.15/2022

    Оспорен:Член 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.163/2021)

    Подносители: Сојуз на синдикатите на Македонија – ССМ претставуван од претседателот Дарко Димовски и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија претставуван од претседателот Иван Пешевски, и Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ Штип, претставувано од претседателот на здужението Кристина Ампева

    Според наводите на подносителите на иницијативата од ССМ и СГИПРМ оспорениот член 12 од Законот е во спротивност со членот 8, 9, 32, 34 и 35 од Уставот и член 4, член 116 и 117 од Законот за работните односи; член 36 став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството како и со член 2 од Законот за ратификација на Конвенцијата за трудови клаузули (јавни договори) 1949. Подносителот наведува дека во оспорениот член се предвидува дека стратешкиот парнер имал целосно право да го организира и распоредува работното време на работниците кои ќе биле ангажирани на проектот со можност работното време за секој поединечен работник во просек да трае 60 часа неделно во текот на годината. Според наводите во иницијативата на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“, оспорената одредба од член 12 од Законот не е во согласност со членот 32 од Уставот, со членот 116 од Законот за работните односи, Конвенцијата бр.14 за неделен одмор (во индустријата) 1921, ратификувана 17.11.1991 год. и Конвенцијата за неделен одмор (трговија и канцеларии 1957), (бр.106). Подносителот наведува дека одредбата се коси со уставните и законските норми што го уредуваат правото на неделен одмор на работниците. Според подносителот, оспорената одредба е правно неиздржана, во делот: „во просек 60 часа неделно во текот на годината“. Во иницијативата се наведува дека овој дел предизвикува правна несигурност и е во спротивност на уставните и законските норми коишто го регулираат работното време на работниците и правото на неделен одмор.

    3.Реферат У.бр.6/2022

    Оспорен: Член 5 став 1 точка 1 и член 6 ставови 1 и 2 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 03.11.2020 година и објавена на 04.11.2020 година во „Службен весник на Република Северна Македонија” број 263/2020, … и 291/2021)

    Подносител: Ивана Минова од Велес

    Според наводите во иницијативата, со присилното наложување на носење маски Владата го повредува член 11 став 1 од Уставот, според кој физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени и се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување. Подносителот исто така наведува дека носењето на маска го ограничува правото на неограничена количина на воздух за дишење, во наводитее пишува и дека задолжувањето на Владата за носење ковид маска под закана за парично казнување, претставува повреда и на член 12 ставови 1 и 2 од Уставот, според кој слободата на човекот е неприкосновена, никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон.

    4.Реферат У.бр.135/2021

    Оспорен: Член 147 став 2 од Законот за нотаријатот (“Службен весник на Република Северна Македонија“ број 72/2016 од 12.04.2016 година)

    Според наводите во иницијативата оспорената одредба е противуставна затоа што на законските наследници им го ограничува правото слободно да располагаат со своето право – самите да одлучат дали при расправање на оставината во која граѓанинот како учесник во постапката има потреба од адвокат како полномошник или воопшто не му е потребно. Според подносителот, законодавецот со ваквата одредба пропишува задолжително присуство на адвокат, која облигаторна одредба според подносителот е директна дискриминација на законски наследник, имајќи предвид дека некои од законските наследници не се прифаќале за наследници на делот од оставината, а мора да имаат адвокат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img