More

    Усогласување на пензиите со просечната плата и поддршка за сите

    spot_img

    Враќање на параметорот за усогласување на пензиите со рстот на просечната плата  и поддршка за сите пензионери кои ќе бидат со скалест износ,  бара Пензионерксиот синдикат од составот на конфедрацијата на слободни синдикати.

    Ова барање , како што велат од синдикатот, произлегува од лошата состојба предизвикана од економската, здравствената и енергетската криза, во којашто се наоѓаат пензионерите.

    – Пензионерскиот синдикат бара почитување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, односно спроведување на членот 37, став 4 и 5. Сметаме дека порастот на минималната плата и порастот на просечната плата во изминатиот период овозможуваат услови за редовно усогласување на пензиите на 1 април, согласно наведениот член – велат од Синдикатот.

    Оттаму потсетуваат дека параметарот за усогласување на пензиите според растот на просечната плата е изоставен од актуелниот Закон со неговата измена во 2018 година.

    – Од тогаш пензиите повеќе стагнираат, отколку што растат (минимален раст согласно со индексот на трошоците за живот).Пред измената на Законот во 2018, соодносот на просечната пензија со просечната нето исплатена плата во државата изнесуваше над 60 отсто. Ако ја земеме за пример, исплатената просечна плата за ноември 2021 година (согласно ДЗС), просечната пензија би требало да изнесува 17,478 денари – велат од Пензионерскиот синдикат.

    Пензионерскиот синдикат смета дека треба да се изврши измена на членот 37 од Законот за ПИОРСМ за усогласување на пензиите со кои ќе бидат опфатени параметрите: порастот на просечно исплатена плата и порастот на трошоците за живот, со кои ќе се овозможи редовно усогласување на пензиите и ќе се овозможи достоинствен живот на пензионерите.

    Оттаму додаваат дека во дел од соседните земји, од прогласувањето на ковид кризата до денес се исплаќаат ковид додатоци за сите пензионери.

    Во некои од земјите линеарно, додека во други земји, каде што пензионерите имаат подобри услови за живот, исто така добиваат ковид додаток кој е скалесто определен. Затоа ПСМ бара да се исплати ковид додаток со којшто ќе бидат опфатени сите пензионери и возрасни лица приматели на социјална помош и возрасни лица кои немаат никакви приходи.Сметаме дека пензионерите со најниски пензии треба да земат најголем износ на ковид додаток, за разлика од останатите, односно оние со повисоки пензии. Ова го велиме од причина што на примателите на пониски пензии не им се доволни средствата за набавување на одредени лекарства и суплименти за нивната здравствена состојба – велат од Синдикатот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img