More

    Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје денеска одлучи да го прифати изборот на комисијата за избор и селекција на кандидати и даде насоки за вработување на кандидатите на определено време и нивно упатување на школување

    spot_img

    Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје денеска одлучи да го прифати изборот на комисијата за избор и селекција на кандидати и даде насоки за вработување на кандидатите на определено време и нивно упатување на школување.

    Одборот го задолжил претседателот на комисијата да го извести економскиот оператор за одлуката и да побара известување за датум за почеток на обуката.

    „Мораме да изразиме длабоко жалење што поради некои неточни и непроверени информации кои се пласираа во јавноста, се создаде погрешна слика за процесот околку Огласот за прием на 8 кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање. Потенцираме дека во ниеден момент немаше ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на постапката односно Огласот, како што беше наведено во некои изјави и медиумски натписи. Единствено точно е дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти, како тие законски но и внатрешни на самата институција, со едниствена цел, избор на најквалитетните кандидати за нови кадри во М-НАВ АД Скопје“, се наведува во денешното соопштение од М-НАВ.

    Оттаму додаваат дека огласот бил во рамки на строгите меѓународни и национални норми и временските рокови согласно акциониот план на М-НАВ АД Скопје.

    „М-НАВ, како и досега и во иднина, ќе продолжи со професионално вршење на својата дејност и никогаш не би дозволиле да се загрози безбедноста на воздушниот сообраќај над нашето небо при што критериумите за обезбедување на потребното ниво на безбедност и ефикасност при давање на услугите за воздухопловна навигација континуирано се и ќе се одржуваат на највисоко ниво“, се додава во соопштението на М-НАВ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img