More

    Украинците тврдат, Путин го вовлекува Лукашенко во војната!

    spot_img

    Украинците тврдат дека Русија се обидува да ја вовлече Белорусија во војна и наведуваат дека во саботата првпат од белоруска територија биле истрелани ракети кон Украина, пишува Мондо.

    „Русија истрела ракети од Белорусија „со цел дополнително да ја вовлече Белорусија во војната против Украина“, соопштија украинските власти во саботата.

    Во соопштението објавено на Фејсбук, Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина објави дека е лансиран „масовен ракетно-бомбен напад“ низ целата земја и дека „руските бомбардери „работеле“ директно од територијата на Белорусија.

    Министерството објави дека шест авиони лансирале 12 проектили и дека „нападот бил извршен во регионите Киев, Чернихoв и Суми“.

    „Ова е прв случај на воздушен напад нa Украина директно од територијата на Белорусија. Денешното гранатирање е директно поврзано со напорите на властите на Кремљ да ја вовлечат Белорусија во војната во Украина како директен учесник“, соопшти Министерството .

    Михаилo Подољак, советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски, изјави дека ноќеска кон Украина биле истрелани вкупно 48 крстаречки ракети.

    „Само за цивилни цели… Русија сè уште се обидува да ја заплаши Украина, да предизвика паника и да ги натера луѓето да се плашат од чудовиштето З… Украина знае сè и е подготвена на сè. И ќе казни за секое зло …“ твитна тој во саботаta.

    Новинарката Олга Токариук, исто така, во саботата твитна дека „Русија истрела рекорден број проектили кон Украина оваа ноќ и утринава: повеќе од 60, според најновите податоци“.

    „Многу беа лансирани од територијата на Белорусија. Тие беа насочени кон регионите Киев, Лавов, Житомир, Чернихив, Хмелницки, Днепар, Миколаев, Харков“, додаде таа.

    Претходно месецов, Марк Војгер од Трансатлантската програма за одбрана и безбедност во Центарот за европски анализи, експерт за Русија, изрази загриженост за тоа како белоруската војска треба да одржи вежби овој месец во близина на украинската граница.

    – Овие вежби ќе предизвикаат сериозна загриженост бидејќи, за жал, Русија и нејзините сојузници постојано ги користат воените вежби како маска за да ги прикријат своите агресивни дејствија -изјави тој за британски Експрес.

    Војгер додаде дека рускиот претседател Владимир Путин „се обидува да изврши притисок врз белорускиот претседател Александар Лукашенко и да го принуди да заземе поагресивен став со цел да започне поагресивни акции од Белорусија, вклучително и белоруските трупи“.

    Белорусија беше еден од најблиските сојузници на Русија за време на окупацијата на Украина. Непосредно пред инвазијата кон крајот на февруари, Русија одржа заеднички воени вежби со Белорусија, што предизвика загриженост кај американските претставници.

    Во писмото до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во мај, белорускиот претседател Александар Лукашенко предупреди дека меѓународните напори за снабдување со оружје на Украина може да доведат до Трета светска војна. Тој потоа рече дека Белорусија „ги повикува земјите од светот да се обединат и да спречат регионалниот конфликт во Европа да ескалира во светска војна од глобални размери!“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img