More

    Украинците тврдат дека руската војска не се повлекува

    spot_img

    Украинскиот град Лисичанск, кој се наоѓа во источниот дел на земјата, е гранатиран, а наводно биле погодени станбени блокови.

    „Оштетени се повеќе високи згради. Чекаме информации за жртвите. Многу згради се урнаа. Спасувачите се обидуваат да ги извлечат луѓето под урнатините“, напиша на Телеграм регионалниот лидер на Луганск, Сергеј Гајдаи.

    Генералштабот на украинските вооружени сили синоќа го објави својот најнов разузнавачки извештај, во кој се тврди дека руските трупи продолжуваат да се повлекуваат од територијата на Киев и Чернигов во северна Украина, но дека тоа е само „ротација на одделни единици“ со цел да се измами военото раководство на Украина, според британскиот весник.

    Во извештајот се прецизира дека, „според некои разузнавачки информации, рускиот непријател ги прегрупира единиците за да ги насочи своите главни напори кон исток“.

    Исто така, се наведува дека „истовремено, таканареченото „повлекување на војниците“ е веројатно ротација на одделни единици“, чија цел е „да се измами военото раководство на вооружените сили на Украина и да се создаде заблуда дека окупаторот се откажува од планот за опколување на градот Киев“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img