Украинските власти денеска ги повикаа загрижените мајки на руските војници заробени на бојното поле да дојдат и да ги земат своите синови.
„Донесена е одлука да се предадат заробените руски војници на нивните мајки доколку дојдат да ги земат во Украина, во Киев“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Во соопштението не е прeцизирано за колкав број на заробени војници станува збор.