More

    Украинците го нападнале градот Валујка на 150 километри од Белгород, руски град од другата страна на границата

    spot_img

    Украинците го нападнале градот Валујка на 150 километри од Белгород, руски град од другата страна на границата. Ова го тврди гувернерот на Белгодоската област Вјачеслав Гладков и известува дека еден граѓанин загинал, а двајца биле ранети од ракети кои успеале да ја поминат руската воздушна одбрана. Уништени биле три возила и запалени осум куќи, јавува РТ.

    „Активирана е противвоздушната одбрана, но има оштетувања на теренот“, изјави Гладков на Телеграм.

    „Оштетена е трафостаницата и прекинато е снабдувањето со електрична енергија во градот“, додава тој.

    Критичните објекти и јавните згради во Валујки биле префрлени на алтернативни генератори на струја, сè додека не се вратило напојувањето во пет часот утрово.

    Валујки е град со околу 35.000 жители и се наоѓа на околу 150 километри од Белгород и на околу 15 километри од украинската граница. Според рускиот медиум Раша тудеј, овој град бил цел на украинската артилерија откако руските војници минатата недела напуштиле дел од регионот Харков.

    Цел на украинската артилерија наводно биле и уште две населби во регионот на Белгород. Пожар избувнал на бензинска пумпа во пограничното село Нехотејевска, додека 14 куќи се оштетени во селото Красни Хутор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img