More

    Украински медиуми: Пропагаторот на Путин бил силуван од Чеченци

    spot_img

    Руската новинарка на режимот Олга Зенкова била силувана од чеченски борци во Украина, меѓу кои наводно бил и внукот на лидерот Рамзан Кадиров.

    Во јавноста протече писмо од руската телевизија НТВ, во кое се тврди дека нивниот новинар бил силуван од Чеченци во окупираниот украински Мелитопол.

    Олга Зенкова, прорежимска новинарка, била испратена во Мелитопол да известува од градот кој бил окупиран од Русите на самиот почеток на војната. Меѓутоа, како што се наведува, налетала на озлогласената чеченска бригада и војниците наводно ја силувале новинарката и го претепале снимателот. Меѓу нив, наводно, бил и внукот на лидерот Рамзан Кадиров, Хасан Ибрахимов.

    Како што пренесуваат некои медиуми, според добиените информации, руските власти забраниле известување за инцидентот, но НТВ побарала истрага од официјалните власти за случајот.

    Како што се наведува во соопштението за медиумите на НТВ, дописничката Олга Зенкова и снимателот Артиомас Јепифанов биле на задача во Мелитопол, а на 17 јануари вечерале во еден од градските ресторани кога биле нападнати од „луѓе во маскирна униформа кои рекле дека се борци на баталјонот Ахмат“.

    За време на инцидентот снимателот се здобил со умерени физички повреди, а новинарката Олга Зенкова „била жртва на насилен сексуален однос“.

    Официјалниот документ е испратен до првиот човек на Истражниот комитет, а телевизијата не сакаше ништо да коментира.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img