More

    Украински војник за кој се сметаше дека е мртов се обрати преку Тик-Ток

    spot_img

    Украински војник на Тик-Ток потврди со видео дека е жив откако во некои извештаи беше објавено дека тој загинал во акција. Алекс Хук потврди дека е жив, а тоа донесе олеснување кај неговите следачи на популарната социјална мрежа затоа што тој е таму често активен.

    „Жив сум и ќе продолжам да се борам за Украина“ објави тој во краткото видео. Хук на Тик-Ток има 2,5 милиони следбеници, а е активен од декември кога почна да прави видеа каде што игра во воена униформа за да ја забавува својата ќерка.

    Меѓу објавата дека е жив и претходната објава (група војници кои играат на песна од Нирвана) поминаа пет дена што за многумина беше знак дека нешто не е во ред. Неговите објави се често проследни со голем број на коментари и на прегледи.

    Извештаите, кои се покажаа како неточни, укажуваа на тоа дека Хук загинал во борба во регионот на Донбас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img