Украинските сили на безбедност се блокирани во Северодоњецк и имаат две опции, да го следат примерот на своите колеги и да се предедат или да загинат, вели заменик началникот на Одделението за народна милиција, на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), Едуард Басурин.
Тој тврди дека украинските сили го кренале во воздух и последниот мост што го поврзуваше Северодоњецк со Лисичанс и дека нивните војници сега не можат да напуштат опколениот град.
– Украинските единици што се тука, тие ќе останат туга засегокаш. Имаат две опции. Ќе го следат примерот на своите колеги и ќе се предадат или ќе загинат. Немаат трета опција – истакна Басурин.
Според руските медиуми, во моментов се водат борби за фабриката „Азот“, каде наводно се блокирани поголем број на украински војници.