More

    Украинските власти тврдат дека руските војници ја уништиле лабораторијата во Чернобил

    spot_img

    Руските војници кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил ја „ограбиле и уништиле“ лабораторијата во таа нуклеарна централа, тврдат украинските власти.

    Државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување објави дека Русите ја оштетиле нивната Централна аналитичка лабораторија, која преработувала многу радиоактивен отпад, пренесува Би-би-си.

    Агенцијата на Фејсбук објави дека лабораторијата има „високо активни примероци и примероци од радионуклиди, кои денес се во рацете на непријателот“.

    Лабораторијата, чија изградба чинела околу шест милиони евра, содржела и „вредна аналитичка опрема“ која ја немало никаде во Европа, наведува украинската агенција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img