More

    Украинските белагци посакуваат да се вратат во земјата

    spot_img

    Повеќето украински бегалци, главно жени и деца, се надеваат дека ќе ги напуштат земјите каде престојуваат и на крај ќе се вратат во својот дом, покажува новата студија на Обединетите Нации.

    Околу две третини од бегалците од Украина, очекуваат дека ќе останат во земјите каде што престојуваат сега, додека не се подобри безбедносната ситуација по руската инвазија, според истражувањето на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР.

    Студијата е изработена од средината на мај до средината на јуни, а анкетирани се околу 4.900 луѓе од Украина, кои сега живеат во Чешка, Унгарија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка.

    Над 5,6 милиони бегалци досега се регистрирани во Европа. Притоа, 8,8 милиони луѓе излегле од Украина, а речиси 3,3 милиони се вратиле во земјата од почетокот на руската инвазија.

    Од оние кои сакаат да се вратат, 40 отсто планираат да го направат тоа наредниот месец, соопшти УНХЦР.

    – Нетрпеливи се да се обединат со пријателите и семејствата и се грижат за оние кои останале. Мнозинството сака да почекаат борбите да стивнат, се додава во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img