More

    Украинскиот претседател ќе брифира за војната во неговата земја

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски в недела на онлајн самитот им се придружи на лидерите на Г7 за да разговараат за ситуацијата во Украина, изјави денеска портпаролот на германската Влада, пренесе ДПА.

    Самитот се одржува на историски ден, рече портпаролот, додека на 8 мај нациите ширум светот го слават крајот на Втората светска војна во Европа и крајот на националсоцијализмот.
    Групата Г7 ги вклучува Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Канада и САД. Во моментов претседавач е Германија, појаснува ДПА.

    Покрај кризата во Украина, веројатно ќе се разговара и за други теми, иако не беа веднаш достапни дополнителни детали – вклучувајќи го и точниот тајминг на состанокот.

    Германскиот канцелар Олаф Шолц, исто така, по повод годишнината од крајот на Втората светска војна в недела требаше да одржи телевизиски говор со фокус на војната во Украина, најави неговиот портпарол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img