More

    Украинскиот претседател: Трета светска војна нема да има

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нема да има трета светска војна, јавува Анадолија.

    „Првата светска војна однесе милиони животи. Втората светска војна зеде десетици милиони од нив. Нема да има Трета светска војна. Тоа не е трилогија“, рече Зеленски во говорот за време на 80-тото доделување на наградите „Златен глобус“ во вторникот.

    Тој посочи дека војната меѓу Русија и Украина се уште не е завршена, но дека доаѓа крајот на војната и „веќе е јасно кој ќе победи“.

    „Има уште битка и солзи, но сега дефинитивно можам да ви кажам кој беше најдобар во претходната година, тоа бевте вие. Слободни луѓе од слободниот свет. Оние кои се обединија околу поддршката на слободниот украински народ во нашата заедничка борба за слобода, демократија, право на живот, љубов, без разлика кој сте и од каде сте“, рече Зеленски.

    Тој додаде дека Киев ќе ја запре руската „агресија“ во Украина и тоа ќе го направи „заедно со слободниот свет“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img