More

    Украинска ракета ја нападна во Црно Море

    spot_img

    Руска фрегата е запалена во Црното Море откако била погодена од украински проектил, наведуваат  извештаите на украинските медиуми, иако инцидентот не е потврден од Москва и само индиректно од Киев, пренесе ДПА.

    Интернет страницата „Думскаја.нет“ со седиште во Одеса денеска објави дека брод од серијата „Проект 11356 Буревестник“ бил во пламен во близина на Змискиот остров, откако бил погоден со ракета „Нептун“, истрелана од украинска територија.

    Иако Украина не го потврди инцидентот, Генералштабот на армијата го зголеми бројот на руски бродови што се уништени од почетокот на инвазијата на Кремљ врз земјата, а откако  „Думскаја. нет“ сподели сателитски снимки на кои се гледа брод во пламен.

    Засега не е можна независна потврда на пожарот на бродот, додава ДПА.

    „Буревестник“ е релативно нов вид на брод, што и беше додаден на руската флота во 2016 година. Се верува дека во моментов три вакви фрегати се наоѓаат во Црното Море.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img