More

    Украинската фудбалска федерација (UAF) побара од ФИФА да ја исклучи репрезентацијата на Иран од претстојното Светско првенство во Катар поради наводна вмешаност во руската агресија врз Украина

    spot_img

    Украинската фудбалска федерација (UAF) побара од ФИФА да ја исклучи репрезентацијата на Иран од претстојното Светско првенство во Катар поради наводна вмешаност во руската агресија врз Украина.

    Барањето до ФИФА доаѓа по одлуката на Извршниот одбор на UAF, во која се бара забрана за настап на Иран поради „кршење на човековите права и наводна вмешаност на Иран во воената агресија на Руската федерација врз Украина”.

    Иран се обвинува за испорака на оружје на Русија со цел да и помогне во нејзината инвазија врз Украина, како и непочитување на одредбите 3. и 4. од статусот на ФИФА кршење на човековите права и борба против дискриминацијата.

    -Имајќи ја предвид Резолуцијата 22.31 на Советот за безбедност на Обединетите нации за воведување санкции кон Иран, како и наводната вмешаност на Иран во воената агресија на Руската федерација врз Украина, апелираме до ФИФА со предлог да разгледа исклучување на иранската репрезентација од СП 2022, објави UAF.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img