More

    Украинската пејачка нема да оди на Евровизија

    spot_img

    Алина Паш нема да пее на натпреварот за песна на Евровизија 2022. Во соопштението објавено вчера попладнево таа јасно стави до знаење дека актуелната сага за нејзината посета на Крим во 2015 година станала премногу за неа.

    „Не сакам повеќе да бидам дел од оваа валкана приказна“, рекла таа само неколку часа откако беше откриено дека еден од членовите на нејзиниот тим фалсификувал патни документи за да изгледа дека таа легално патува во регионот.

    „Јас сум државјанка на Украина. Ги следам законите на Украина. Се обидувам да ги пренесам традициите и вредностите на Украина на светот. Она што е вградено во оваа приказна воопшто не е она што јас го ставив во мојата песна“, рекла Алина.

    „Јас сум уметник, а не политичар. Немам армија од ПР, менаџери, адвокати за да се спротивставиме на сите овие напади и притисоци, упади на моите социјални мрежи, закани. И апсолутно неприфатливи зборови кои луѓето си ги дозволуваат без да ја разберат ситуацијата и да заборават на достоинството на секој граѓанин на Украина. Не ја сакам оваа виртуелна војна и омраза“, додала таа.

    „Не сакам повеќе да бидам во оваа валкана приказна. Со тешко срце, за жал, ја повлекувам кандидатурата за претставник на Украина на Евровизија. Навистина ми е жал. Ќе контактираме со јавното радио и ќе ги потпишеме сите потребни документи. Посебно сакам да им се заблагодарам на сите кои ме поддржуваат и ми помагаат, кои ја слушаат мојата песна и важна порака и не ме озборуваат“, заклучи таа.

    Украинската песна исто така беше повлечена од обложувалниците, иако веднаш по објавувањето скокна на второто место.

    Да потсетиме, само четири дена по изборот на песна за Евровизија, Украинската национална телевизија UA: PBC престана го прекина потпишувато на договорот со Алина за претставување на Евровизија. Имено, откриено е дека Алина пред седум години отпатувала на Крим, кој е под руска контрола од 2014 година. Во моментов е во тек истрага.

    Веста за посетата на Крим дојде во време кога очите на целиот свет се насочени кон Украина поради можната руска инвазија.

    ФОТО: Јутјуб

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img