More

    Украинската кореографка Кристина Слободјанјук денеска во МКЦ

    spot_img

    Во програмата на Танц фест Скопје 2022, неделава ќе бидат претставени Кристина Слободјанјук, млада украинска кореoграфка, студенти од Софија кои ќе настапат заедно со домашни танчери и танцовата компанија Марта Греам.

    Денеска во 20 часот во Џепното кино во МКЦ ќе се прикаже видео проекција на делото насловено „Послух“, на украинската кореографка Кристина Слободјанјук, во чие продолжение ќе настапи самата авторка, која вчера пристигна во Скопје.

    Кристина Слободјанјук е актерка, танчерка, кореографка и режисерка од Украина. Од 2015 година студира современ танц, драма и физички театар, работи во современи опери, уметнички фестивали, предава и студира терапија ориентирана кон телото. Слободјанјук за претставата вели:

    – Претставата „Послух“ е експеримент. Ова не е историја, туку потрага по историја во просторот на опциите. Она што ќе го видите е одраз на осаменоста. За осаменоста на личност која ги изгубила своите знаменитости; осаменоста на телото во простор изгубен во сопственото сеќавање; осаменоста на човечката душа. „Доказ за телото“ – потрага по темата на свеста во театарот. Кој сум јас овде и сега, и кој е мојот танц денес? Сведоштво на очевидци.
    Видео проекцијата ќе се емитува и онлајн, линк на страната на Танц фест Скопје на Facebook.

    Воедно, денес во Скопје пристигнуваат студентите на Националната школа на уметности од Софија, Бугарија, кои, во рамките на Танц фест Скопје 2022 ќе учествуваат во проектот наречен „Панорама“ и заедно со уште дваесетина домашни танчери ќе работат на работилница на Марта Греам техника во Националната опера и балет. Тие ќе ја изучуваат техниката под водство на Денис Вале, танчерка и асистентка на компанијата и ќе совладаат дел од оригинална кореографија на Греам од 1935 година.

    Во среда, на 20 април во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар, триесетина млади танчери, заедно ќе изведат дел од „Панорама“ пред настапот на култната Марта Греам танцова компанија од Њујорк која денес пристигнува во Скопје. Проектот „Панорама“ е можност за соработка помеѓу млади танчери од двете земји, прва од овој вид и е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Марта Греам е прогласена за културно наследство на Соединетите Американски Држави од поранешниот претседател на САД Џералд Р. Форд и нивниот настап во рамките на фестивалот Танц фест Скопје 2022 е од исклучтиелно значење и уникатна можност за нашата публика да види дел од историјата на создавањето на современиот танц во 20 век и неговoто значајно место во 21 век.

    Танц фест Скопје 2022 е поддржан од Министерство за култура, Град Скопје, Американската амбасада во Скопје, Француски институт од Париз и Скопје, Дом на Арм Скопје, Perform Europe, East is Best, Културанова.

    Покровители на Танц фест Скопје 2022 се „Виталиа“ и „Бовин“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img