More

    Украинската армија со 160 гранати погодила пет населени места во про-рускиот регион Донбас

    spot_img

    Украинската армија со 160 гранати погодила пет населени места во про-рускиот регион Донбас, потврдија претставници од самопрогласената Луганска Народна Република. Според Јан Лешченко, шеф на Одделот на народната милиција, од 3 ипол часот по средноевропско време, украинската армија истрелала минофрлачи од 120 и 82 милиметри, гранати и тешки митралези кон населбите Сокољники, Золото 5, Весјоленко, Нижне Лозово и Доњецк, кои се под контрола на Луганск, пишува Телеграф.

    – Во изминатите 24 часа ситуацијата на фронтот со Донбас значително ескалира. Непријателот по директна наредба на воено-политичкото раководство на Киев се обидува да го ескалира конфликтот – изјави Лешченко.

    Дека имало отворен оган потврди и агенцијата Доњецк.

    „Истрелани се околу 160 гранати со калибар поголем од 12,7 мм“, пренесуваат тие.

    Украина, од друга страна, ги демантираше овие изјави.

    – И покрај фактот што нашите позиции беа цел на забрането оружје, вклучително и артилерија од 122 милиметри, украинските војници не отворија оган како одговор – изјави за Ројтерс портпаролот на операцијата на здружените сили на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img