More

    Украина ќе се засили со 70 јапонски војници

    spot_img

    Според руски извештаи, руските сили синоќа влегле во Херсон и руската армија синоќа била на улиците на градот.

    Градоначалникот Игор Коликаев утрово за локалното радио изјави дека руските сили синоќа ја презеле градската железничка станица и пристаништето во вторникот вечерта, јавуи Би-Би-Си Русија.

    – Борбите сега траат, а окупацијата на нашиот град е во тек – рече тој.

    Коликаев информира дека многу луѓе загинале, вклучително и украински војници и цивили, а владините претставници сега се обидуваат да обезбедат луѓето да го напуштат градот или да се засолнат.

    – Синоќа додека јас и мојот тим бевме во градското собрание, зградата беше гранатирана. Сите се живи. Но, повторно ве замолувам: не излегувајте од дома. Не предизвикувајте пукање со вашите постапки и однесување. Ние сме во многу тешка ситуација, нема потреба да ја влошуваме. Денеска ќе работам за да најдам начин како да се соберат мртвите, како да се врати струјата, гасот, водата и топлината каде што се оштетени. Но, веднаш ве предупредувам: да ги исполниш овие задачи денес значи да направиш чудо. Сега сите чекаме чудо. Тоа ни треба, напиша Коликаев на фејсбук.

    Карл Билт, поранешен мировен посредник на Европската унија за поранешна Југославија објави слика од руски воени возила во Херсон со кои Русите синоќа влегле во градот и ги ставиле под своја контрола.

    – Ужасно. Возила за транспорт на затвореници се наредени во Херсон, Украина, откако Русите го освоија градот по неколкудневни борби. Се спушта мрак. Дојде царството на злото, напиша Билт.

    Околу 70 Јапонци одговориле на украинскиот повик за странски доброволци да се борат против руската инвазија, јавуваат денеска западни медиуми.

    – Заклучно вчера, околу 70 Јапонци, вклучително и 50 поранешни членови на јапонските сили за самоодбрана и двајца ветерани од француската Легија на странци, се пријавиле да бидат доброволци во војната против Русија – објави дневниот весник Мајничи Шимбун, цитирајќи компанија од Токио која се занимава со организирање на доброволците.

    Портпаролот на Украинската амбасада соопшти дека примале повици од луѓе кои „сакаат да се борат за Украина“, но рече дека не знаат ништо повеќе за доброволците.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика во неделата да се формира „меѓународна легија“, што поттикна десетици луѓе од САД и од Канада да волонтираат.

    Најмалку 21 лице загина, а 112 се ранети во гранатирања на источниот украински град Харков во последните 24 часа, соопшти регионалниот гувернер Олег Синегубов.

    Локалните власти соопштија дека руските ракетни напади го погодиле центарот на вториот по големина град во Украина, вклучувајќи и станбени области и зградата на регионалната администрација.

    „Одбранбените позиции на градот Харков на 1 март беа постојано под влијание на непријателски оган, авијација, артилерија и огнено оружје. Во втората половина на денот североисточниот и северниот дел на градот беа нападнати од механизирани непријателски единици. Сите напади се одбиени, рускиот непријател претрпе значителни загуби, позициите се задржани, напиша Синегубов на Фејсбук.

    Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски војници го зазеле градот Херсон во јужна Украина. Доколку ова тврдење е точно, тоа е најголемиот украински град окупиран од Москва, јавија светските агенции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img