More

    Украина ја создадоа Русите, во блиска иднина ќе ги признаам Доњецк и Луганск

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин во моментов ѝ се обраќа на руската нација, а како што дознава агенцијата ТАСС од извори од Кремљ сѐ поверојатно е дека Русија ќе ги признае Луганската и Доњецката Народна Република, одлуки со кои, според многу аналитичари, Путин легално ќе може да ги помага овие региони, но и да започне војна. Додека тензиите растат во пограничните региони, неколку западни лидери со санкции му се заканија на Путин доколку се одлучи на признавање, кое, меѓу другото, ќе ги прекрши и Договорите од Минск.

    – Украина ја создадоа Русите – го започна Путин својот говор.

    Според Ројтерс, Макрон и Шолц на телефон биле многу разочарани кога Путин им ја обзнанил својата намера вечерва да ги признае републиките во Доњецк и Луганск.

    „Имајќи го предвид сето ова, претседателот на Русија рече дека има намера во блиска иднина да потпише соодветен указ”, се вели во соопштението од Кремљ.

    Рускиот лидер размислува со ладна глава. Според него, тензиите нема да ги реши обичен мораториум на членството на Украина во НАТО, пренесува агенцијата ДПА. Зборувајќи на денешниот состанок на рускиот Совет за безбедност во Москва, Путин изјави „ние веруваме дека тоа не е отстапка за нас“.

    Што сака Русија? Овојпат Западот како да омекнува на руските безбедносни барања од пред неколку недели. Првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров, во четврток во Женева ќе се сретне со Ентони Блинкен на нова рунда разговори, а во петок во Париз ќе ја договара онлајн-средбата Путин-Бајден.

    Борел и Шолц го повикаа Путин да не ги признае Доњецк и Луганск

    Шефот на ЕУ дипломатијата Жосеп Борел и германскиот канцелар Олаф Шолц упатија повици до рускиот претседател Владимир Путин да не ги признае таканаречените републики Доњецк и Луганск.

    – За време на состанок го следевме рускиот Совет за Безбедност со голема загриженост, разбираме дека конечната одлука сè уште не е донесена и го повикуваме Путин да го почитува меѓународното право и Договорот од Минск и да не ги признае Доњецк и Луганск. Во случај да одлучи да го стори тоа ќе реагираме во силен и обединет фронт – рече Борел по Советот на Министри за надворешни работи на ЕУ, мислејќи на економски санкции.

    На слично мнение е и Шолц.

    – Признавањето на двата региона би претставувало еднострано прекршување на договорот од Минск, нагласи Шолц во денешниот телефонски разговор со Путин – рече портпаролот на германскиот канцелар.

    Бербок го повика Путин да не си игра со животите на луѓето

    Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок на денешниот состанок на Советот на ЕУ изјави дека одговорноста за страдањата на луѓето во Донбас е на руското раководство.

    – Оваа игра на руската Влада со цивилното население, со луѓето на окупираните територии од двете страни на линијата на контакт, е неодговорна. Го повикувам руското раководство, претседателот на Русија – не си играјте со животите на луѓето –

    Таа изрази загриженост за прекршувањето на примирјето во последните денови.

    – Не се само гранатирањата. Животите на луѓето се под сериозна закана бидејќи на различни места се исклучени водата и струјата. За тоа е одговорна руската Влада. Нема да дозволиме да бидеме измамени – рече Бербок.

    Украина бара итна седница на СБ на ОН

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го повика Советот за безбедност на Обединетите нации „веднаш“ да одржи седница за заканата што ја претставува Русија за Украина.

    – Сите ги сфаќаат последиците. Има многу емоции, но токму сега сите треба мирно да се фокусираме на напорите за деескалација. Нема друг начин – апелираше шефот на украинската дипломатија.

    фото: јутјуб/принтскрин

    Руската окупација веќе е почната?

    Официјален претставник на британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека нивните разузнавачки служби сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин има намера да изврши инвазија на Украина.

    – Разузнавачките податоци што ги гледаме укажуваат на тоа дека планот на претседателот Путин веќе е почнат – кажа официјалниот претставник на британскиот премиер.

    Лавров в петок во Париз ќе го договара самитот Бајден-Путин

    Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров в петок во Париз ќе се сретне со својот француски колега Жан-Ив Ле Дриан за да ги постават основите за самитот меѓу американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

    Макрон вчера двапати разговараше со Путин и еднаш со Бајден во обид да посредува за самитот, изјавувајќи во текот на ноќта дека двајцата „начелно“ се договориле да се сретнат.

    Лавров в четврток на средба со Блинкен

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска соопшти дека ќе се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен в четврток во Женева. Лавров рече дека разговарал со Блинкен за безбедносните барања на Русија и дека следниот состанок е „закажан за 24 февруари во Женева“.

    Првиот човек на руската дипломатија рече дека неговиот американски колега му се јавил „неколку дена“ откако Русија одговорила на американските безбедносни предлози, велејќи дека е „подготвен да се сретне и да разговара за нив“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img