More

    Украина ја обвини Србија за воено профитерство

    spot_img

    Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепар ја обвини Србија дека ја користи војната во Украина за профит, додека британскиот весник Гардијан пишува дека Србија за богатите Руси станала „капија“ за влез во Европа, јави дописникот на МИА од Белград.

    Џепар на Твитер напиша дека авиокомпанијата „Ер Србија“ го удвоила бројот на директни летови од Белград до Москва, откако земјите од ЕУ и некои други земји воведоа забрана за летови за руските авиони и ги прекинаа летовите за Русија.

    „Србија е единствената земја во Европа која има отворено небо за Русија. Заработката на крв не е достојна за една земја кандидат за ЕУ“, напиша Емине Џепар.

    Весникот Гардијан пишува дека богатите Руси ја користат Србија за да на „мала врата бегаат“ во Европа заобиколувајќи ја забраната за летови на ЕУ до и од Русија.

    – „Ер Србија“, што мнозински е во државна сопственост, го удвоила бројот на директни летови од Москва до Белград на 15 неделно за да одговори на зголемената побарувачка, откако ЕУ им забрани на руските авиони и авиокомпании да влезат во нејзиниот воздушен простор по инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина. Русија одговори со затворање на својот воздушен простор за авионите на ЕУ и на Велика Британија – пишива Гардијан.

    Британскиот весник потсетува дека Србија не е членка на ЕУ и дека одбила да воведе санкции кон Русија, но нејзините авиони можат да влезат во воздушниот простор на ЕУ.

    „Така, оваа земја на Балканот стана единствениот преостанат европски воздушен коридор отворен за Русија“, соопшти компанијата за анализа на патувања „Форвард кејс“ (Forward Keys).

    Капацитетот на седиштата на летовите меѓу Русија и Србија е зголемен за 50 отсто во првата недела од март во споредба со неделата пред влегувањето на руските тенкови во Украина, соопшти компанијата, додавајќи дека е планирано дополнително зголемување на капацитетот за следните недели.

    – Она што е највпечатливо е колку брзо Србија стана порта за патување меѓу Русија и Европа – изјави потпретседателот на „Форвард кејс“, Оливие Понти.

    Русите кои доаѓаат во Србија го продолжуваат патувањето кон Европа, а нивните главни понатамошни дестинации се Кипар, Франција, Швајцарија и Италија. Русите патуваат и во Велика Британија, Словенија, Австрија, Германија и Шпанија, пишува Гардијан.

    Вчера, на Белградскиот аеродром поради лажна дојава за експлозивна направа беше приземјен авионот на „Ер Србија“ кој леташе на дестинацијата од Белград до Москва.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img